Достапни линкови

logo-print

Легнатите полицајци во Велес остануваат


Полицијата да ја контролира брзината на возачите, а не легнати полицајци, велат велешани

Полицијата да ја контролира брзината на возачите, а не легнати полицајци, велат велешани

Иницијативата за отстранување на таканаречените легнати полицајци во Велес, неодамна не доби зелено светло. И покрај бројните реакци од возачите за сторената материјална штета врз автомобилите, до нивно остранување нема да дојде.

Иницијативата за остранување на таканаречените легнати полицајци во Велес, неодамна не доби зелено светло. И покрај бројните реакци од возачите за сторената материјална штета врз автомобилите, до нивно остранување нема да дојде. Неопходно е нивното постоење, велат од локалната власт. Возачите негодуваат, во реакциите најгласни се такстите.
Па секако дека ни пречат, ги искршивме возилата, ако пребрзо возиме нека има полицајци нека не казнуваат


„Па секако дека ни пречат, ги искршивме возилата, ако пребрзо возиме нека има полицајци нека не казнуваат.“

„Јас како возач мислам дека сметаат, постојано менувам гуми.“

„Се оштетуваат многу колите, секој месец рамена менуваме, се раштелува, нон-стоп сме во АМС да ја штелуваат колата“, велат анкетираните велешани.

Легнати полицајци има поставено на најфреквентните улици во Велес. Најчесто тие се во непосредна близина на училиштата. Ги има од двата вида, и оние топчестите но и оние класичните. Според сообраќајните експерти во Општината, новопоставените топчести се пофункционални бидејки низ нив поминува атмосверската вода по поројните дождови што не е случај кај класичните. Возачите, пак, велат дека токму овие топчестите се занив понеприфатливи.

„Подобри беа првите, овие вториве нечинат ниту за колите ниту за патниците. И полека да возиме дрмаат, тресат“,
Треба секој возач да има совест. Да се вози полека. Некој со џип минуваат пак со недозволена брзина, некои со јаки коли немаат мака ни од лежечки полицајци ни од ништо
вели анкетиран такси возач.

Оправданоста од постоењето на легнатите полицајци ја потврдува и статистиката на СВР Велес. Со нивното поставување намален е бројот на сообраќајни незгоди во кои жртви беа пешаците, најчесто ученици. Ова се должи на намалената брзина со која се движат возилата. Такси возачите, пак, и на оваа имаат одговор.

„Треба секој возач да има совест. Да се вози полека. Некој со џип минуваат пак со недозволена брзина, некои со јаки коли немаат мака ни од лежечки полицајци ни од ништо“, вели таксист кој е против постењето на легнатите полицајци.

Додека на улиците низ Велес таксистите реагираат, легнатите полицајци и понатаму остануваат да го регулираат сообраќајот. Според Законот, одлуката за поставување на легнати полицајци ја носи Советот на Општината, СВР Велес и Министерството за транспорт и врски.
XS
SM
MD
LG