Достапни линкови

logo-print

Парламентот не изгласа недоверба на Романската влада


Романскиот Парламент денеска не и изгласа недоверба на Владата на премиерот Емил Бок, иницијатива која беше доставена од опозициската Социјалдемократска партија. Инцијативата ја поддржале 228 пратеници, а 197 се изјасниле „против“. За таа да биде усвоена потребни се најмалку 236 гласови. Иницијативата за гласање недоверба насловена како „Спречете го социјалниот геноцид“ беше доставена минатата недела, откако Владата ја презеде одговорноста за пакетот економски мерки, кој предвидува намалување на платите во државниот сектор за 25 проценти и намалување на пензиите за 15 . По неприфаќањето на иницијативата економските мерки се сметаат за усвоени и откако ќе бидат објавени во Службен весник ќе влезат во сила.
XS
SM
MD
LG