Достапни линкови

Ердоган:САД применува двојни стандарди


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган упати критика кон САД дека применуваат двојни стандарди за Блискиот Исток. Тој изјавил дека еднаш зборуваат за демократија, а потоа ги прават сите тие работи кои се спротивни на демократијата. Кога им одговара застануваат на страната на тоталитарните авторитативни режими, а кога не тогаша зборуваат за демократија Изјавата на Ердоган уследи по вознемирувачките изјави на Вашингтон дека „единствената муслиманска земја-членка на НАТО се дистанцира од Западот“. Односите на Турција со Иран и тензиите меѓу Анкара и Тел Авив наидоа на неодобрување кај САД. Дистанцирањето од Западот или од Истокот ниту е возможно ниту правилно за Турција. Тоа е неоспорен факт, што го докажала и историјата, изјавил Ердоган. Тој потенцирал дека САД и понатаму остануваат „дамнешен пријател“ на Турција.
XS
SM
MD
LG