Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ:Косово да ги реши процесите за воени злосторства


Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа денеска оцени дка и 10 години по војната во Косово, правниот систем се уште не успева да ги реши воените злосторства. Од ОБСЕ се загрижени и за тоа што е мал бројот на предмети за воени злосторства кои успеваат да се пробијат во судскиот систем. Во извештајот на ОБСЕ се наведува дека од 1.237 злосторства колку што биле идентификувани само 37 луѓе биле судени. Од Организацијата се загрижени дека таквите примери можат негативно да се одразат на состојбите во Косово. Околу 10 илјади луѓе се убиени за време на српските напади на Косово. Тоа пак предизвика НАТО да ја бомбардира Србија. Косово прогласи независност од Србија во 2008-та година.

XS
SM
MD
LG