Достапни линкови

ОН:Киргистан решително да се справи со кризата


Обединетите нации денеска го повикаа Киргистан брзо и одлучно да дејствува и да стави крај на етничките убиства во јужниот дел од земјата. Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пили повика киргистанските власти да ги заштитат луѓето. Киргистански власти соопштуваат дека најмалку 176 луѓе се убиени во етничките конфликти. Официјални претставници на ОН изјавија дека бројот на етнички Узбеци кои ја напуштаа земјата може да достигне и до 100 илјади, а предупредија и на можно ширење на насилството надвор од границите на Киргистан. Извештаите велат дека Узбекистан повторно ја затвори својата граница со Киргистан.
XS
SM
MD
LG