Достапни линкови

Најава за нови штрајкови во Грција


Вработените во јавниот сектор во Грција најавуваат нови штрајкови во знак на протест против владината програма за штедење. Вработените во атинското метро утре ќе почнат 24-часовен штрајк кој ќе го блокира превозот во главниот град. Тие се одлучија на таков потег во знак на солидарност со повеќе од 280 колеги на кои им се заканува опасност да ја изгубат работата. Сите вработени во јавниот превоз најавија в четврток петчасовен прекин на работата заради намалувањето на месечната заработувачка и неповолните промени во системот на социјалната заштита

XS
SM
MD
LG