Достапни линкови

logo-print

Европратениците лобираат Македонија да добие датум


Македонија на 17 јуни да добие датум за пристапни преговори со Евроспката унија, порача од Брисел германскиот европратеник Бернт Поселт, јавува МИА. Германскиот европратеник порача Европскиот парламент не ја прифаќа блокадата од страна на Грција и се надева оти грчката Влада ќе биде доволно мудра и совесна да го заврши овој процес. Тој очекува ЕУ да најде внатрешна сила и капацитет да ја надмине блокадата од Грција и да и дозволи на Македонија да продолжи на евроинтегративниот пат, бидејќи веќе постои модел на успешно решавање на словенечката блокада врз Хрватска која веќе завршена.
XS
SM
MD
LG