Достапни линкови

Грција побарала малку време пред одлуката за Македонија


Грција на вчерашниот состанок во Луксембург побарала дополнително време од уште неколку месеци пред донесувањето на конечната одлука за определување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, пренесуваат европски дипломати учесници на денешниот министерски собир на ЦЕИ во Будва, јавува МИАСпоред европските дипломати, кои присуствувале и на вчерашниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Луксембург, дискусијата за Македонија на барање на Грција завршила со констатација да се остави малку време, со оглед дека од грчка страна било истакнато оти разговорите за спорот за името се во сериозна фаза и носење каква било одлука можеби не е најразумниот чекор. Грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас побарал да не се врши толкав притисок врз Грција и да се имаат предвид не само напорите што таа ги прави туку и околностите во кои се наоѓа од аспект на економската криза, која резултира со социјални немири.
XS
SM
MD
LG