Достапни линкови

Заврши состанокот на ЦЕИ во Будва


Со усвојување препораки за политичко, структурно и финансиско зајакнување на Централноевропската иницијатива, поладнево во Будва заврши состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЦЕИ на кој учествуваше и министерот Антонио Милошоски. Зајакнувањето на ЦЕИ како меѓувладин форум е неопходно за да може да одговори на политичките, економските и социјалните предизвици на 21 век, особено од аспект на процесот на приближување кон ЕУ и идниот пристап од земјите кои не се членки на Унијата, оценија уцесниците на собирот за кои главни предизвици остануваат унапредувањето на економијата и регионалната соработка.
XS
SM
MD
LG