Достапни линкови

logo-print

ЕК:Грција солидно се справува со кризата


Европската комисија денеска ги пофали економските мерки што ги презеде Грција но не ја објави официјалната декларација за нејзина поддршка, откако Меѓународната агенција за рејтинг „Мудис“ ја намали оценката на Грција за четири степени. Во соопштението на ЕК се наведува дека мисиите кои ја посетиле Грција и по разговорите со властие, оцениле дека Грција солидно се справува со кризата. ЕК не ги коментира извештаите на европските и меѓународните агенции за рејтинг. Европскиот комесар за економски и монетарни прашања Оли Рен оценката на „Мудис“ во која е намален рејтингот на Грција го оцени како „изненадувачки и неповолен“.
XS
SM
MD
LG