Достапни линкови

ОБСЕ повика на мир во Киргистан


Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа (ОБСЕ) денеска изрази длабока загриженост за состојбите во Киргистан и соопшти дека е подготвена да помогне за враќање на редот во државата. Од ОБСЕ по одржаната специјална седница изјавиле дека треба веднаш да се дејствува во Киргистан. ОБСЕ само еднаш претходно одржала специјална седница, и тоа во 1999 по насилствата во Македонија. Киргистанските власти соопштуваат дека најмалку 170 луѓе загинале, а 1.700 се повредени во насилствата на југот од земјата. Од ОН велат дека бројот на бегалци од Киргистан може да достигне и до 100 илјади.
XS
SM
MD
LG