Достапни линкови

Голема полициска акција во Европа, уапсени 178 криминалци


Полицајци од 12 земји учествувале во апсењето на 178 луѓе осомничени дека оформиле огранок на меѓународен криминален ланец базиран во Шпанија, соопштува шпанското министерство за внатрешни работи. Полициски акции биле спроведени во Франција, Италија, Германија, Ирска, Романија, Австрија, Шведска, Грција, Финска, Унгарија и САД. Истрагата траела 2 години и е откриено дека
осомничените биле вмешани во насилни крабежи, злоупотреби на платежни картички, барање поткуп, сексуална експлоатација, перење пари. При акцијата на полицијата биле откриени е 11 лабаратории за фалсификување на кредитни картички.
XS
SM
MD
LG