Достапни линкови

Швајцарија го одобри договорот за данок со САД


Пратениците во Швајцарија денеска ја одобриле спогодбата со САД, според која тие ќе им достават на Американците стотици датотеки со податоци за таење на данок. Владата се надева дека договорот ќе ја намали заканата врз Швајцарската Банка (УБС АГ) , која досега одбиваше да ги предаде имињата на 4450 американски клиенти кои се осомничени од американските власти дека затајуваат данок. Министерот за правда на Швајцарија се обиде да ги смири стравувањата дека договорот може да ја отвори вратата на САД да прима податоцин аклиенти и од други швајцарски банки
XS
SM
MD
LG