Достапни линкови

Стејт Департмент:Косово извор и крајна дестинација на трговија со луѓе


Косово е извор, транзитно место и дестинација за жени и деца, жртви на трговијата со луѓе, посебно на присилната проституција, е наведено во Годишниот извештај за трговија со луѓе на Стејт Департментот. Според извештајот, објавен вчера, повеќето жртви на присилна проституција се жени од Источна Европа, меѓу кои од Албанија, Молдавија, Бугарија и Србија. Децата и жените биле предмет на присилна проституција како на Косово, така и низ цела Европа. Во извештајот на американската администрација пишува дека Владата на Косово не преземала акции во согласност со минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе.

XS
SM
MD
LG