Достапни линкови

logo-print

Милошоски жали што ЕУ не и даде датум за преговори на Македонија


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски изрази жалење што ЕУ, како што рече, уште еднаш не собрала сили билатералните проблеми да ги остави на страна или да ги раздвои од заедничките европски интереси. Одуката Македонија да не добие датум за преговори на средбата во Луксембург нема да не направи помотивирани, ниту пак ќе придонесе за зголемување на кредибилитетот на ЕУ во Република Македонија, изјави Милошоски. Пред почетокот на состанокот на министрите на ЦЕИ, Милошоски посочи дека на него Македонија заедно со останатите членки има можност да ја демонстрира посветеноста на регионалната соработка.
XS
SM
MD
LG