Достапни линкови

logo-print

Се очекуваат 100 илјади бегалци од Киргистан


Бројот на бегалците од јужен Киргистан може да изнесува 100 илјади, изјави во Бишкек специјалниот пратеник на ОН Мирослав Јенча. Тој наведе дека, според узбекистанските власти, 75 илјади веќе се наоѓаат од нивната страна на границата. Под секретарот на ОН Лин Паско повика на итно создавање хуманитарен коридор за помош во Киргистан по 5 дневните етнички насилства меѓу киргизите и узбеците на југот на земјата. Според Паско, помош му е потребна и на Узбекистан за да се соочи со бегалците. Според непотврдени проценки над 170 лица загинаа, а над 1700 се ранети во етничките судири во Киргистан.
XS
SM
MD
LG