Достапни линкови

Чешкиот Претседател Клаус ќе ја посети Македонија


Претседателот на Република Чешка Вацлав Клаус на 21 и 22 јуни ќе ја посети Република Македонија.
Клаус ќе има билатерална средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов а тие ќе го отворат македонско-чешкиот бизнис форум.
Чешкиот претседател, како што јави МИА, ќе се сретне и со македонскиот премиер Никола Груевски, а ќе присуствува и на чествувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
XS
SM
MD
LG