Достапни линкови

ЕУ - Западен Балкан да си ги реши соседските проблеми


Советот на министри на Европската унија ги поздрави напорите, кои земјите од Западен Балкан ги преземаат за спроведување на реформите во клучните области. Советот ја потврди „недвосмислената посветеност на ЕУ на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“. Министрите за надворешни работи на ЕУ во заклучоци за Западен Балкан, кои беа усвоени на состанокот во Луксембург, ги поздравија и заложбите на регионот во насока на натамошно зајакнување на регионалната соработка, како и неодамнешната иницијатива за помирување и потенцираа дека сите страни треба да се посветат на нерешените прашања со своите соседи.
XS
SM
MD
LG