Достапни линкови

Обама ќе одржи говор за еколошкиот проблем во Мексиканскиот Залив


Американскиот претседател Барак Обама планира да и се обрати на нацијата преку националната телевизија за напорите на администрација да го реши еколошкиот проблем со нафтената дамка во Мексиканскиот залив.Обама ќе го одржи говорот во Белата куќа неколку часа откако ќе се врати во Вашингтон по четвртата посета на Мексиканскиот залив каде што ги надгледува обидите да се исчисти нафтената дамка што ги загади бреговите на четири американски сојузни држави, Лузијана, Алабама, Мисисипи и Флорида.
XS
SM
MD
LG