Достапни линкови

Делегации на Северна и Јужна Кореја на состанок во ОН


Делегациии на Северна и Јужна Кореја беа на брифинг во Советот за безбедност на Обединетите Нации, за потонатиот јужнокорејски воен брод. Состанокот со делегациите се одржал одвоено и зад затворени врти. Новинските агенции пренесуваат дека делегацијата на Јужна Кореја презентирала докази вклучувајќи и видео на кое се покажува дека Северна Кореја испукала торпедо кон јужнокорејскиот брод. Северна Кореја на состанокот барала да биде погледната и нејзината верзија за инцидентот при кој загинаа 46 луѓе.

XS
SM
MD
LG