Достапни линкови

Охрид атрактивен за турски туристи


Охрид
Охрид

И покрај тоа што Турција е дестинација со свој многу развиен туризам, оваа земја претставува и голем потенцијал на туристи што патуваат низ светот. Во Македонија за турските туристи е атрактивен Охрид.

Турција, светската веле сила во туризмот дестинација на милиони гости, има и голем потенцијал на туристи што патуваат низ светот. За добар дел од нив доста атрактивни за посета се Македонија и Охрид. Ова го потврдуваат Турските и домашни тур оператори и субјекти кои работат во туризмот во Македонија и Турција и ги познаваат приликите, менталитетот, желбите и навиките на потенцијалните туристи од оваа земја кај нас.

,,Охрид е привлечен за Турските туристи од повеќе аспекти. Најважна е носталгијата по нивните претци кои се од Македонија. Од Македонија и Охрид по Втората Светска војна се отселени околу 800 илјади луѓе во Турција, кои имаа свои деца, внуци,правнуци и роднини што имаат слушано од претците за нашиов крај. Охрид и Македонија гостите од Турција ги привлекуваат освен со својата убавина и со луѓето што живеат во нашиов град кои се пријателски расположени кон нив.„
Моќни Турски бизнис луѓе и тур оператори се подготвени да инвестираат во Македонија на пример во селскиот туризам, кој за нив би бил многу интересен. Тој може да го развиваме не само во околината на Охрид и Дебaрца, туку и во Галичник и Жупа, каде е куќата на таткото на Ќемал Ататурк


Вели Ружди Муфти, стопанственик од Охрид, претседател на асоцијацијата МАТИБ. Претставниците на најголемата туристичка асоцијација на Турција ТУРСАБ, што неодамна беа во Македонија се воодушевија од Охрид што го окарактеризираа како едно од најубавите места во светот, што ќе го препорачаат за посети во Турција. За значајните субјекти од Турскиот туристички бизнис Охрид е привлечен со прекрасната природа и културно-историското богатство, но според нив мора да се дотераат хотелите по светските стандарди, да се изградат подобри патишта и аеродроми, а за подобра комуникација неопходна е директна авио линија Охрид-Истанбул.

,,Туркиш Ерлајнс е знаменосец во нашиот авио превоз, но бидејќи има огромен потенцијал и капацитет што го користи за голем број дестинации во светот, Охридскиот аеродром веројатно ќе им биде препуштен на авио компании од Турција со кои ќе бидат организирани чартер линии. Туркиш Ерлајнс не може да постигне да ги опслужува Охрид и Скопје поради нивната близина. Така што, редовната линија за Скопје може да биде појачана, а сообраќајот за Охридскиот аеродром најверојатноќе го организираат други авио компании од Турција со чартер летови за Охрид.“

Вели Ѓунур Озалп, генерален секретар на ТУСРАБ. Добрите познавачи на Македоснко-Турската соработка шанси му даваат на руралниот туризам.

,,Моќни Турски бизнис луѓе и тур оператори се подготвени да инвестираат во Македонија на пример во селскиот туризам, кој за нив би бил многу интересен. Тој може да го развиваме не само во околината на Охрид и Дебaрца, туку и во Галичник и Жупа, каде е куќата на таткото на Ќемал Ататурк. Интересни се и просторите кај Битуше и Ростуше,од каде има голем број иселеници во Турција посебно во Измир и во Маниса.“

Вели бизнисменот Турчин од Охрид Муфти, кој смета дека Охрид може да стане Мека на Балканот за туристите од Турција, со привлечно спакуван туристички производ кој ќе се нуди со добра промоција на Турскиот пазар, нивните саеми и берзи, што е работа на државата, општината и туристичкиот еснаф.
XS
SM
MD
LG