Достапни линкови

logo-print

Македонско-индиска приказна


Манастирот Лешок е едно од местата што индиецот Пунакту сака да го посети

Манастирот Лешок е едно од местата што индиецот Пунакту сака да го посети

Од 1994 година кога Македонката Љуба Синадиновска од тетовското село Блаце и Индиецот Џорџкути Пунакту се венчале, заедничкиот живот го поминуваат на три страни од светот. Се запознале додека работеле во Германија, но често престојуваат и во нивните родни земји Македонија и Индија.

Од 1994 година кога Македонката Љуба Синадиновска и индиецот Џорџкути Пунакту се венчале, заедничкиот живот го поминуваат на три страни на светот. Во брак стапиле по долги години пријателство во Германија каде двајцата работеле во иста болница. Веднаш потоа стануваат и пензионери, по што нивниот живот е на релација Германија-Македонија-Индија. Одиме во земјите кога таму е најубаво, вели Љуба Синадиновска.

„До август ќе седиме тука, а од ноември планираме да одиме за Индија. Три месеци ќе бидеме таму, бидејќи е лето, убаво е, а народот е навистина пријатен, гостопримлив.“
До август ќе седиме тука, а од ноември планираме да одиме за Индија три месеци ќе бидеме таму, бидејќи е лето, убаво е, а народот е навистина пријатен,
гостопримлив.


Џорџкути вели дека пред да дојде во родното место на Љуба во Македонија, во тетовско Блаце, се плашел дека нема да биде прифатен од нејзините роднини и други жители, поради тоа што е до друга раса. Сепак, кога дојдов се уверив во спротивното, изјави Џоркути.

,,Бидејќи сум од Индија, кожата е поинаква боја, па мислев дека овде нема да бидам прифатен, нема да бидам добредојден, но од првиот ден кога дојдов до сега се чувствувам како ова да е мој втор роден крај.“

Двајцата сопружници, освен меѓусебната љубов велат дека ги поврзува прифаќањето на различните култури. Џорџкути обожува да
Бидејќи сум од Индија, кожата е поинаква боја, па мислев дека овде нема да бидам прифатен, нема да бидам добредојден, но од првиот ден кога дојдов до сега се чувствувам како ова да е мој втор роден крај.
присуствува на православните верски обичаи кои се одржуваат на празниците, па затоа и годинава во Македонија пристигнале на Духовден кога во родното село на Љуба се одбележува празникот на црквата.

„Многу сака да ги гледа овие наши обичаи и доаѓаме токму заради тоа. Сега во последно време толку го засака Блаце, желба му е тука да живее.“

По желба на Џоркути, сопружниците ќе посетуват и други слични настани. Во текот на летото планираат да одат на Галичката свадба, одбележувањето на Илинден во Крушево, како и празнувањето на Успение на Пресвета Богородица во Лешок.
XS
SM
MD
LG