Достапни линкови

Името пречка за членство во ЕУ и НАТО


Европското собрание за безбедност и одбрана во резулуцијата која ја предложиле денеска изразува надеж дека набрзо ќе биде најдено решение за проблемот со името на Македонија, бидејќи тоа е единствената пречка за членството на земјата во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ. Во таа насока се охрабруваат Македонија и Грција да најдат заедничко прифатливо решение за името на земјата и истоивремено се бара од Европскиот совет да донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија. Резолуцијата ќе се гласа в четврток. Резолуцијата е дел од најновиот извештај посветен на односите на ЕУ со земјите од Западен Балкан, во кој е нагласено дека „во моментов, билатерланите спорови, заедно со етничките тензии и организираниот криминал се најсеризоната закана за стабилноста и безбедноста на регионот.“ Собранието смета дека, единствената опција за да се надмине ова е европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG