Достапни линкови

logo-print

Повеќе од 100 илјади Узбеци чекаат да влезат во Узбекистан


Околу 100 илјади узбеци кои побегнале од немирите во Киргистан , чекаат на границата со Узбекистан да влезат во земјата. Границата веќе ја поминале 80 илјади луѓе, соопштил претседателот на Националниот центар на Узбеците. Официјалните извештаи покажуваат дека до сега во насилствата загинале 118 луѓе, а повеќе од 1.500 се повредени. Но претседателот на Узбечкиот центар вели дека досега закопале 200 Узбеци кои се жртва на насилствата.
XS
SM
MD
LG