Достапни линкови

Професионално лобирање


Отворање на Центарот за лобирање
Отворање на Центарот за лобирање

Првиот центар за лобирање во Македонија е отворен во Битола. Целта е едукација на кадар кој во иднина професионално ќе лобира реализација на проекти од локално и национално значање.

Првиот центар за лобирање во Македонија е отворен во Битола. Целта е едукација на кадар кој во иднина професионално ќе лобира реализација на проекти од локално и национално значање. Лобирањето е комуникациска и лидерска вештина за придобивање на влијателни поединци или групи. Одговорните во центарот велат дека Македонија е меѓу првите четири европски држави кои донеле Закон за лобирање. Но, слабо се користи, повеќе во сивата, отколку во легалната зона, велат одговорните од Центарот.
Нашите анализи потврдуваат дека во нашата држава се вршат лобирачки активности, но повеќе се лобира под маса, отколку над маса. Тоа е така за да се избегнат давачките кон државата.


,,Нашите анализи потврдуваат дека во нашата држава се вршат лобирачки активности, но повеќе се лобира под маса, отколку над маса. Тоа е така за да се избегнат давачките кон државата“, вели Марјан Танушевски, раководител на Центарот.

Tокму поради ова тие ќе вршат „промоција на лобирањето како легална и легитимна активност, промоција на регистрирани лобисти, за жал во Македонија во моментов има само еден“.
Колку се користи лобирањето за добивање на пари од предпристапните фондови за реализација на локални проекти во државата?

„Повратните ефекти се негативни. Дел од фондовите кои сме можеле да ги искористиме процентуално искажано малку се користат“, вели Танушевски.

Ваквата ситауција е последица и на слабата едукација на македонското население за процесот на лобирање.
Лобирање во Хрватска има многу, но многу малку има професионално лобирање. Македонија во однос на законодавството е отидена чекор напред зашто донела закон за лобирање, а во Хрватска се уште се
подготвува.
Лобирањето, се уште го нема како предмет по факултетите, освен на една од академиите, што е недоволно. За споредба, во Хрватска, земја која се уште не донела Закон за лобирање, овој предмет се изучува на Загрепскиот универзитет. Но, и таму се прават пионерски чекори во примената на оваа дејност.

„Лобирање во Хрватска има многу, но многу малку има професионално лобирање. Македонија во однос на законодавството е отидена чекор напред зашто донела закон за лобирање, а во Хрватска се уште се подготвува. Треба македонските и хрватските лобисти да им помогнат на двете држави да добијат средства од предпристапните фоднови и да се најдат нашите производи на европските пазари“, вели Дубравко Николиќ од Хрватското друштво на лобисти.

Тој додава дека „треба да се воспостават стандарди да имаме професионално лобирање како што е во Брисел и Вашингтон. Повеќето мислат дека за лобирање е потребно да се знае министерот и дека тоа е доволно. Но, тоа не е ништо, тоа е само еден процент од целата работа за почеток“.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG