Достапни линкови

Анкета на ИРИ:ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг


Доколку утре се одржат избори 29 проценти од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 12 проценти за опозициската СДСМ. Ова се резултатите од последната анкета што ја направи ИРИ од 17 до 24 мај.Според оваа анкета за ДУИ би се изјасниле 8 проценти од испитаниците, за ДПА 4 проценти, за Нова демократија 1 процент. Процентот на сите останати политички партии е под единица. Деведесет и два проценти од анкетираните се изјасниле дека се за влез на Македонија во ЕУ додека поддршка за влез во НАТО дале 89 проценти од анкетираните.

XS
SM
MD
LG