Достапни линкови

logo-print

Вицепремиерот Наумовски во своја одбрана:Македонија не назадува


Пратениците расправаат за интерпелација за работата на вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски. Предлагачите на интерпелацијата ЛДП и Нова Демократија велат дека повод за интепрелација е назадувањето на земјата во контекст на евроинтеграциите. Вицепремиерот во своја одбрана пак ги посочува законите со европско знаменце кои се поднесени и усвоени. Наумовски ги посочил и заклучоците на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија, кои го поздравуваат напредокот на земјата во бројни области.
XS
SM
MD
LG