Достапни линкови

logo-print

Диши длабоко против Аргентина


Јужнокорејците со „кислородни“ подготовки се готвеа за Јужна Африка. Ќе им помогнат ли кислородните маски в четврток против Аргентина?

Јужнокорејските играчи најбрзо се прилагодија на условите за игра во Јужна Африка. Тие употребуваа кислород – маски и имаат големи очекувања од Светскиот куп во фудбал.

По убедливата победа од 2-0 над Грција таканаречените „Таегук воини“ во четврток во Јоханесбург ги чека Диего Марадона и неговите не помалку амбициозни Аргентинци.

Во пресрет на турнирот, Јужнокорејците користеле соба со специјално вграден „тенок воздух“ како од Јужна Африка, каде што пет од девет градови каде се игра Светскиот куп се на повеќе од 1.000 метри надморска височина.

Трубите Вивузуела под критика дека се прегласни


Во специјалната соба имало правоаголна метална кутија во ѕидот, од каде влегувал воздухот преку канал од огромна машина вредна 130.000 долари увезена од Холандија.
Јужнокорејците, исто така, користеа кислород маски и велат дека тоа им се исплатело.

Тренерот Ха Јунг Мо е внимателен оптимист пред мечот со Аргентина, која ја совлада Нигерија 1 - 0 во саботата.

„Аргентина е еден од кандидатите за титулата, тие имаат многу добри играчи, но им реков на играчите да останат сигурни“, изјави тренерот Ха Јунг Мо.

Јужна Кореја е по 7-ми пат на Светското првенство во фудбал, а во 2002 година за прв пат под раководство на Гус Хидинк ја минаа групната фаза.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG