Достапни линкови

Израел ќе го истражува нападот на бродовите за Газа


Израелските власти одобрија внатрешна истрага на израелскиот напад на флотилата бродови кои носеа помош за појасот Газа, при што загинаа 9 луѓе. Владата едногласно одлучила да се формира комисија предводена од сега пензиониран врховен судија, а во комисијата да бидат вклучени и странски набљудувачи. За Турција израелската истрага ќе биде пристрасна. Турција повторно побара независна истрага предводена од ОН. САД ја поздравија одлуката за израелска истрага велејќи дека Израел е способен да спроведе фер истрага.
XS
SM
MD
LG