Достапни линкови

Интензивна дипломатија за името


Груевски и Папандреу. Ќе се најде ли решение за името?
Груевски и Папандреу. Ќе се најде ли решение за името?

Домашните аналитичари очекуват дека по јунскиот рок, ќе следи интензивирање на напорите за изнаоѓање решение за името. Посебно активна, според нив, во наредните месеци, до самитот на НАТО, ќе биде американската дипломатија.

Ако на јунскиот рок се гледа како на не многу веројатен да донесе датум за преговори, тогаш на периодот по неговотот завршување се повеќе се гледа како на период кога ќе бидат интензивирани севкупните напори да се дојде до решение на спорот за името, земајќи ги предвид и меѓународните притисоци врз Македонија, но и врз Грција, зголемена активност на тајната дипломатија и интензивирање на процесот што го води мадијаторот Метју Нимиц.
Повеќето инволвирани страни вклучувајќи ги и Соединетите Држави, сигурно дека ќе заземат став за интензивирање на решавањето на овој проблем бидејќи очигледно дека тоа станува тешкотија и за НАТО и за ЕУ и за регионот, а особено за Македонија.


„Повеќето инволвирани страни вклучувајќи ги и Соединетите Држави, сигурно дека ќе заземат став за интензивирање на решавањето на овој проблем бидејќи очигледно дека тоа станува тешкотија и за НАТО и за ЕУ и за регионот, а особено за Македонија“, изјави професорот Димитар Мирчев, кој што назначува и дека сето тоа ќе зависи од формулацијата на заклучоците на Eвропскиот совет кои ќе бидат донесени по состанокот на 17 јуни.

За експертите неважно е дали таа дипломатија која што ќе биде интензивирана ќе биде тајна или јавна со оглед на тоа дека ставовите и позициите се сосема јасни, а искра на надеж нуди само очекувањето дека американската дипломатија ќе биде поактивна во наредните месеци до ноемврискиот самит на НАТО, вели аналититчарот Љуљзим Хазири.
Димитар Мирчев

„Американската дипломатија од која што ќе зависи успехот или неуспехот на преговорите. Исто така од таа дипломатија ќе зависи понатамошното владеење на актуелната политичка власт.“
Американската дипломатија од која што ќе зависи успехот или неуспехот на преговорите.

Од европските сили, Хазири не очекува ништо повеќе од тоа да ги штитат интересите на својата земја членка Грција. Најголемиот притисок за македонската влада, додава тој, сепак, ќе го одигра стагнирањето во ходникот на евроинтегрирањето, особено поради фактот што тоа може да се одрази врз довербата од страна на граѓаните.

Во писмената изјава од кабинетот на медијаторот Нимиц, деновиве беше информирано дека тој е во интензивни контакти со двете страни, но дека нема да одговара на конкретни прашања за содржината на разговорите и дека ќе закаже формална средба тогаш кога ќе смета дека е потребно.

Постојат и такви мислења меѓу експертите, дека притисокот, а согласно со тоа и интересот на меѓународната заедница, бидејќи се покажал како залуден, се повеќе ќе слабее, а ова сложено прашање ќе влегува во нова фаза во којашто ќе станува сериозно домашно прашање кое ќе бара мобилизација на домашен терен.
XS
SM
MD
LG