Достапни линкови

Први примероци од астероид на Земјата


Јапонската вселенска капсула за која се верува дека носи примероци на астероид што за првпат ќе бидат донесени на Земјата денеска треба да биде собрана во Австралија. Сондата паднала во текот на ноќта откако беше лансирана од јапонското вселенско возило на астероидот Итокава што се наоѓа на шест милијарди километри од Земјата. Возилото беше спуштено на астероидот пред пет години. Научниците веруваат дека примероците ќе дадат поконкретни иформации за историјата на Сончевиот систем.
XS
SM
MD
LG