Достапни линкови

Министрите на ЕУ денеска и за Западен Балкан


Шефовите на дипломатиите на Европската унија на денешниот состанок во Луксембург, меѓу другото, како што се наведува во подготвителниот документ, би требало да ја потврдат приврзаноста на европската перспектива на Западен Балкан. Министрите ќе расправаат и за ратификацијата на Спогодбата меѓу Унија и Србија за стабилизација и асоцијација. Претходно, како што е најавено, тие треба да го слушнат извештајот на главниот обвинител на Хашкиот трибубал Серж Брамерц за соработката на Белград со Трибуналот. Денешниот министерски состанок е подготовка на самитот на Европската унија што ќе се одржи в четврток.
XS
SM
MD
LG