Достапни линкови

logo-print

Сепаратистите победија на изборите во Белгија


Сепаратистичката Нова фламанска алијанса, која се залага за поделба на Белгија на фламански и на француски дел, освои најмногу пратенички места на белгиските парламентарни избори. Партијата освои 27 од 150-те пратенички места во белгискиот парламент. Ова е прв пат, партија што се залага за распад на Белгија, да освои најмногу гласови на едни парламентарни избори. Партијата подржува поделба на Белгија на Фландрија, каде што се зборува холандски јазик и Валонија каде што зборуваат на француски.
Сепак, за да формира влада, партијата ќе мора да коалицира со валонски партии.
Во Валонија победија Социјалистите, освојувајќи 26 пратенички места, па и тие имаат шанса да формираат влада. Се очекува, разговорите за формирање коалициска влада да траат со недели.
XS
SM
MD
LG