Достапни линкови

Обама повторно во Мексиканскиот Залив


Американскиот претседател Барак Обама денеска по четврти пат е во Мексиканскиот Залив каде што ги надгледува обидите да се исчисти нафтената дамка што ги загади бреговите на четири американски сојузни држави. Обама ќе ги посети погодените држави Алабама, Мисисипи и Флорида, по што се враќа во Белата куќа за да одржи говор за катастрофата.
По хаварија на нафтена платформа на Бритиш Петролеум во Мексиканскиот Залив нафтата непрекинато се излева речиси два месеци. Обидите за нејзино запирање се само делумно успешни.
XS
SM
MD
LG