Достапни линкови

Словенија го совлада Алжир со 1:0


Фудбалската репрезентацијата на Словенија ја совлада репрезентацијата на Алжир со 1:0 на Светското првенство во Јужна Африка. Словенија и Алжир се натпреваруваат во групата Ц. Единствениот гол на натпреварот го постигна Роберт Корен. Ова е прва победа на Словенија на Светско првенство. Пред осум години тие ги изгубија сите три натпревари. Алжирците не постигнаа гол, но затоа Абелкадер Гезал доби црвен картон . Словенија е прва во групата Ц, бидејќи вчера Англија и САД играа нерешено 1:1. Во следното коло Словенија за противник го има САД, а Алжир-Англија.

XS
SM
MD
LG