Достапни линкови

ЛДП:ребалансот на буџетот најлош досега


Претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски денеска на прес - конференција оцени дека ребалансот на буџетот дополнително ќе ја влоши ликвидноста на македонската економија и затоа е нужна негова суштинска реформа. Според него, ребалансот е премал за да оствари позитивно влијание на растечката неликвидност на македонската економија. Со кратењето на капиталните инвестиции за 25 проценти односно за 84 милиони евра, економијата дополнително ќе страда, особено градежниот и со него поврзаните придружни сектори. Со ребалансот добиваме буџет кој е со најлоша структура во последниве 4 години, рече Манасијевски.
XS
SM
MD
LG