Достапни линкови

Фицо прв да се обиде да состави влада на Словачка


Претседателот на Словачка Иван Гаспарович денеска изјавил дека ќе му понуди на сегашниот премиер Роберт Фицо прв да состави влада, откако на вчерашните избори партијата на Фицо освои најмногу или 35 проценти од гласовите. Но Фицо нема мнозинство. Коалицијата од четири централно- десничарски партии освои 79 места од 150 члениот парламент. Никој од лидерите на тие партии не сака да коалицира со Фицо за да формираат влада. Единствента парија која останува да коалицира со онаа на премиерот е партијата на националистите, но тие освоија само 5 проценти од гласовите и немаат доволно пратеници во парламентот .
XS
SM
MD
LG