Достапни линкови

Промени на воениот врв во Британија


Британската влада сопштила денеска дека ќе направи некои измени во воениот врв, поради се позачестените критики за улогата на Армијата во непопуларниот конфликт во Авганистан. Секретарот за одбрана Лајам Фокс соопштил дека шефот на вооружените сили и шефот на цивилната одбрана ќе си замнинат од своите функции. Фокс изјавил дека тие на функциите останале и повеќе отколку што требало. Британија има околу 10 илјади војници во Авганистан, а од почетокот на војната во 2001-та до сега загинале околу 300.
XS
SM
MD
LG