Достапни линкови

logo-print

Кина ќе даде пари за обнова на Тибет по земјотресот


Кина ќе даде речиси 4 милијарди евра за обнова на области во Тибет, оштетени по неодамнешниот земјотрес кој го погоди тој регион. Во земјотресот кој се случи кон средината на април загинаа над 2.600 луѓе, а десетина илјади останаа без своите домови. Владата усвоила три годишен план за помош и обнова според кој приоритет имаат куќите, училиштата, болниците и другите јавни установи. Планирано е да
се изградат над 30 илјади куќи во селските општини и исто толку во градските средини. Парите за реконструкција ќе бидат обезбедени од централниот буџет, но и од донации.
XS
SM
MD
LG