Достапни линкови

Карзаи го посети Кандахар


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска во Кандахар ги повика локалните водачи да ја подржат операцијата на НАТО силите кои во тој регион се борат против упориштата на талибанците. Карзаи апелираше и луѓето да соработуваат со владата и да и го вратат достоинството на земјата. НАТО почна со операција во Кандахар, која се очекува да заврши до крајот на следниот месец. Голем дел од граѓаните на Кандахар се скептични кон операцијата на Алијансата., стравувајќи дека операцијата ќе доведе до нови крвопролевања. Карзаи денеска уште еднаш ги повика талибанците да го остават оружјето и да соработуваат со Владата.
XS
SM
MD
LG