Достапни линкови

Експлозија на бомби во Тајланд


Најмалку еднен човек загинал а 26 се повредени во експлозија на две бомби пред преполни улични ресторани во јужниот дел на Тајланд, соопштува локалната полиција. Според нив напаѓачите фрлиле две бомби од домашно производство пред ресторан во провинцијата Јала, а осомничени за нападот се исламските бунтовници, иако засега никој не ја презеде одговорноста. Во изминатите шест години од кога траат судирите со исламистичките сепаратисти во јужниот дел на Тајланд, на границата со Малезија, загинаа над четири илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG