Достапни линкови

Исламска конференција: Апел за мир во Киргистан


Организацијата на Исламската конференција денеска повика на воспоставување на мир во Киргистан. Генералниот секретар на таа организација со седиште во Џеда, Саудиска Арабија, побара од сите заедници во Киргистан да се воздржат од насилства и да продолжат со задничкиот живот во мир. Тој исто така ги повика и властите во Киргистан да употребат се што е неопходно да го вратат мирот и да спречат понатамошни трагедии. Киргистан е една од 57 членки на Организацијата на исламска конференција.
XS
SM
MD
LG