Достапни линкови

logo-print

Ирански туристи загинале во Филипини


Автобус полн со ирански туристи се превртел во централниот дел на Филипини , при што загинале најмалу 10 луѓе, соопштува полицијата. Се претпоставува дека откажале кочниците на автобусот, тој излетал од патот и завршил во клисура длабока 30 метри. Полицијата соопштува дека под остатоците од аворбусот се уште има луѓе , но не се знае ни дали се живи, ни колку ги има. Лошите патишта , старите превозни средства , тоа што нема сообраќајни значи и што не се спроведуваат законите влијае во Филипини да има голем број на сообраќајни несреќи со трагичен крај.
XS
SM
MD
LG