Достапни линкови

Опасност од цунами во Индискиот океан


Се огласи алармот на Пацифичкиот центар за предупредување, за можно цунами на сите крајбрежја на Индискиот океан. Алармантната состојба доаѓа по синоќешниот земјотрес од 7,7 степени по Рихтеровата скала кој се случи во морето меѓу Никобарските острови и индонезискиот остров Суматра . Од американскиот центар предупредуваат дека земјотрес со таква магнитуда може да покрене разорно регионално цунами, во пречник од илјада километри од епицентарот, предизвикувајќи катастрофални оштетувања. Во декември 2004. година земјотрес од 9,15 степени по Рихтеровата скала кај Суматра предизвика цунами во Индискиот океан при што загинаа 226.000 луѓе во Индонезија, Индија и уште 11 земји.
XS
SM
MD
LG