Достапни линкови

Трубите вувузели ги распродадоа тампоните за уши во Кејптаун

South Africa - South African fans, with one wearing a t-shirt with the image of former South African President Nelson Mandela, dance during the 2010 World Cup opening match between South Africa and Mexico at Soccer City stadium in Johannesburg, 11Jun2010

Вувузелата може да произведе звук и до 130 децибели, што е многу посилен од пила за сечење дрва, чиј звук достигнува околу 100 децибели.

Во продавниците во Кејптаун нема повеќе тампони за уши, кои се најбаран артикал поради гласниот звук од трубите вувузели кои ги користат јужноафриканските навивачи на Светското првенство во фудбал.

Вувузелата може да произведе звук и до 130 децибели, што е многу посилен од пила за сечење дрва, чиј звук достигнува околу 100 децибели.Тампоните за уши кои се продаваат под името „Вуву-стоп“ можат да го намалат звукот за околу 30 децибели.
На декларацијата на „Вуву-стоп“ пишува дека „многу ефикасно го намалуваат звукот“.

Може да се користат на фудбалски и рагби натпревари, како и од љубителите на фудбалот кои гледаат фудбал дома, за да не ги слушаат приговорите на своите жени. Кој знае, можеби и голманот на репрезентацијата на Јужна Африка Итумеленг Хуне на мечот против Мексико носел тампони во ушите, па не го чул зуењето на трубите.
XS
SM
MD
LG