Достапни линкови

Бритиш Петролеум под притисок да стави крај на нафтената катастрофа


Владата на Соединетите Држави врши голем притисок врз Бритиш Петролеум да изнајде начин да ги забрза напорите да се стави крај
на истекувањето на огромни количини нафта во Мексиканскиот Залив. Адмиралот на крајбрежната стража Џејмс Вотсон во писмо до Бритиш Петролеум побарал за 48 часа да се изнајдат нови начини за запирање на протекувањето. Во писмото пишува дека американките официјални лица не се задоволни од тоа како нафтениот гигант се справува со катастрофата. Бритиш Петролеум досега се обиде на четири различни начини да го запре истекувањето кое започна на 20 април.
XS
SM
MD
LG