Достапни линкови

Карзаи во посета на Кандахар


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска отпатувал за јужниот град Кандахар за да ја зајакне локална поддршка на кампања на НАТО за борба против талибанските бунтовници во тој регион. Карзаи е придружуван од командантот на американските и на НАТО силите генерал Стенли Мек Кристал. Претседателот на Авганистан освен со племенските лидери ќе се сретне и со жителите на Кандахар. Многу од нив се скептични за кампањата на НАТО во тој региот против упориштата на бунтовниците. Бунтовниците ја презедоа одговорноста за сите досегашни напади против владата и нејзините меѓународни соработници

XS
SM
MD
LG