Достапни линкови

Светот со апели за прекин на немирите во Киргистан


Привремена влада на Киргистан им даде на војниците и полицајците моќ да користат оружје и сила за да го контролираат етничкиот судир на југот на земјата. Последните извештаи велат дека над 77 луѓе се убиени , повеќе од 1000 ранети во немиритите, а многу жени и деца бегаат од земјата. Привремената лидерка Роза Отумбаева исто така наредила и мобилизација на резервната армија. Русија, во меѓувреме, го отфри барањето на киргистанските власт да помогне за смирување на ситуацијата, опишувајќи го конфликтот во Киргистан како внатрешен , во кој засега Русија нема потреба да се вмешеува. Стејт Департментот повика на брзо враќање на редот и мирот во Киргистан. А Европската унија објави дека ќе испрати експерти во Киргистан за да се процени хуманитарната ситуација таму по неколкудневните насилства.


XS
SM
MD
LG