Достапни линкови

logo-print

Клинтон:Иран да ги почитува правата на граѓаните


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон на одбележувањето на првата годишнина од спорните претседателски избори во Иран, ги повика иранските власти да ги исполнат своите меѓународни обврски и да ги ослободат политичките затвореници но и тројцата американски туристи кои се притворени речиси една година а се уште не се обвинети. Во писмена изјава Клинтон соопштува дека Иран и понатаму продолжува да им ги ускратува уставните права на своите граѓани. Една година по спорните избори на 12 јуни 2009 година на кои победи претседателот Махмуд Ахмадинеџад , повторно имаше судири меѓу приврзаниците на опозицијата и полицајците.
XS
SM
MD
LG