Достапни линкови

ОН ја прегледуваат „црната “ листа во Авганистан


Претставникот на Обединетите Нации во Авганистан изјавил дека организацијата треба да види дали некои од милитантите кои се наоѓаат на црната листа на ОН треба да се остранат од неа и дали може да им се одмрзне забраната за патување. Разгледувањето
на листите е дел од напорите на ОН да се постигне политичко решение во Авганистан. Исклучувањето на некои бунтовници или приврзаници на Талибанците и на Ал Каеда од црната листа беше договорено на мировната конференција која неодамна се одржа во Кабул. Прегледот на листата треба да се заврши кон крајот на јуни, а потоа Советот за безбедност да донесе конечна одлука.
XS
SM
MD
LG